logo
logo
logo

ТЕШКА НЕСРЕЌА на експресниот пат Штип-Кочани: ИМА ЗАГИНАТИ!

Vecer | 21.06.2021

ТЕШКА НЕСРЕЌА на експресниот пат Штип-Кочани: ИМА ЗАГИНАТИ!

Во текот на вчерашниот ден во 14:10 часот било пријавено дека на експресниот пат Штип-Кочани, во близина на нас.„Три чешми“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „тојота корола“, со битолски регистарски ознаки, управувано од А.И.(39) од Битола и патничко возило „хонда ЦВ“, со велешки регистарски ознаки, управувано од А.М.(40) од Велес.

Од екипа на Итна медицинска помош кај двајцата возачи била констатирана смрт на местото на незгодата. Во незгодата со повреди се здобил и сопатникот од возилото „тојота корола“, Б.К.(30) од Кочани, констатирани во Клиничката болница Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип и Јавен обвинител, по чија наредба  телата на почнатите биле дадени на обдукција. Во периодот од 14.45 до 20.00 часот сообраќајот бил пренасочен по магистралниот пат Штип-Кочани.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk