logo
logo
logo

ТЕПАНИ ДВЕ СКОПЈАНКИ - Едната јадела ќотек од мажот, а другата по кавга во аптека

Vecer | 21.05.2021

ТЕПАНИ ДВЕ СКОПЈАНКИ - Едната јадела ќотек од мажот, а другата по кавга во аптека

Во текот на вчерашниот ден две скопјанки на возраст од 40 години пријавиле насилство - едната била физички нападната од сопругот, додека нападот врз другата се случил во аптека.

Имено, во 17: 35 часот во СВР Скопје, 40-годишна жена од Скопје пријавила дека во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба била физички нападната од нејзиниот сопруг М.М.(45). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во 19: 50 часот, пак, во СВР Скопје, А.С.(48) од Скопје пријавила дека на 19.05.2021 околу 11 часот во аптека на подрачје на Центар, по претходно недоразбирање, била физички нападната од Б.В.(40) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk