logo
logo
logo

Милошоски вели дека сѐ мора да се истражи детално за трагедијата

„ВАКВА ИСТРАГА ОДАМНА НЕ СМЕ ВИДЕЛЕ“

Vecer | 17.04.2025

„ВАКВА ИСТРАГА ОДАМНА НЕ СМЕ ВИДЕЛЕ“

„Имало неколку вакви случаи досега во различни земји, на пример еден сличен случај имаше во Лондон, еден во Романија, за жал оваа трагедија се случи и во Македонија. Сметам дека овој кривично правен настан не може да се толкува само според последицата која што е настаната во тој момент на трагедијата, туку мора темелно, правнички зборувам, да се истражат и причините. Причините според мене, се во корупцијата која што го завладеала системот на давање на лиценци, одобренија и други прогледувања низ прсти на ваквите локали, кабареа и дискотеки. И затоа сметам дека ваквата темелност во истрагата која што оди и неколку години наназад е правно издржана“, вели Антонио Милошоски, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во гостување на централниот Дневник на телевизија Алсат М, во однос на трагедијата во Кочани.

Милишоски посочи дека она што е позитивно од целата истрага за пожарот во ноќниот клуб во Кочани е тоа што споредено со други трагедии што претходно се случувале на во Македонија или надвор од неа, а поврзани со македонски државјани, како трагедија со Беса Транс која што се случи во Бугарија, е што сега за разлика од тој случај, нема пасивност од истражните органи и дека Министерството за внатрешни работи и обвинителството многу проактивно делуваат.

– Она што според мене е позитивно од целата оваа истрага е што споредено со други трагедии кои што претходно се случувале на територијата на Македонија или надвор од територијата на Македонија, а поврзано со македонски државјани, како случајот со Беса Транс, сега нема пасивност на истражните органи, туку гледаме дека има проактивност и на министерството за внатрешни работи и на обвинителството. И сметам дека таа ажурност треба да биде поздравена. Тоа не значи дека ќе се прејудицира исходот на судската постапка, но во секој случај, дава доверба дека се постапува на еден темелен начин – рече Милошоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk