logo
logo
logo

Тасева: Ова е најлош резултат откако Македонија е на ранг листата на Транспаренси Интернешнл

Vecer | 01.02.2021

Тасева: Ова е најлош резултат откако Македонија е на ранг листата на Транспаренси Интернешнл

Слаѓана Тасева од  Транспаренси Интернешнл во своето гостување во емисијата „Топ Тема“  зборуваше за последниот извештај на Транспаренси Интернешнл  каде посочи дека ова е најлош резултат до сега откако Македонија е на ранг листата на Транспаренси Интернешнл.

„Ова е најлош резултат до сега откако сме рангирани на ранг листата на Транспаренси за индексот за перцепцијата за корупцијата. Секоја година гледаме дека имаме многу голем пад на индексот за перцепција за корупција во Република Македонија и тоа треба да биде индикатор дека станува збор за нешто подлабоко и посериозно отколку дека тука некој влијае на некој начин на  мислењето и перцепцијата на граѓаните, рече Тасева.

Таа додаде и дека:

„Поважно е да се каже дека овој индекс кој го објавува Транспаренси Интернешнл  е композитен индекс, за да се формира резултатот кои ги други  реномирани институции затоа што на индексот се рангирани 188 држави. Тие 7 истражувања кои ги имаме за нас се истражувања кои се спроведени во последните две години, во 2019 и 2020 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk