logo
logo
logo

Таравари без поддршка? Фетаи открива дека ОД 50 ФУНКЦИОНЕРИ НА АЛИЈАНСА, САМО ТРОЈЦА ПОДНЕСОА ОСТАВКА

Vecer | 20.05.2025

Таравари без поддршка? Фетаи открива дека ОД 50 ФУНКЦИОНЕРИ НА АЛИЈАНСА, САМО ТРОЈЦА ПОДНЕСОА ОСТАВКА

Вицепремиерот за добро владеење, Арбен Фетаи вчерва во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 изјави дека Алијансата за Албанците сѐ уште е дел од Владата, бидејќи, како што рече, од вкупно 50 државни функционери именувани на позиции од редовите на партијата, само тројца досега поднеле оставка.

„Учеството на АА во Владата го сочинуваат околу 50 државни функционери кои се именувани на одредени позиции – најмалку 50, можеби и повеќе. Но, најмалку 50 има, и од нив, според она што јас го знам, само 3 досега поднеле оставка. Тие 3 јавно излегоа, за другите не ми е познато дека некој се повлекол од Владата. Знам дека сите останати продолжуваат да одат на своите работни места“, рече Фетаи.

Тој рече дека со одлуката да остане во власта не му кажал „не“ на лидерот на АА, Арбен Таравари, туку на планот кој, како што рече, не е план на партијата

Не му кажав „не“ на Арбен Таравари, туку на планот кој не е план на Алијанса на Албанците – вели вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21 коментирајќи го заминувањето на министерот за здравство Арбен Таравари од Владата. Фетаи, од друга страна, е дел од функционерите од редовите на Алијанса на Албанците кои одлучија да останат во власта.

Тој ја нарече „циркус“ седницата на Алијанса на Албанците предводена од Таравари на која присутните членови неодамна одлучија партијата да излезе од власта и да дејствува опозициски.

„Реков ’не‘ на одлуката што не е одлука, зашто не ја добила формата на одлука во партиските органи. Тоа не беше седница на претседателството, туку измислен формат во кој учествуваа членови на претседателството, функционери и претседатели на ограноци. Таков формат не постои никаде во статутот на партијата. Единствено надлежно тело за донесување вакви одлуки во АА е Собранието на партијата. Затоа решив да не легитимирам еден циркус“, рече вицепремиерот Фетаи во интервјуто за „Клик плус“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk