logo
logo
logo

СВР Скопје расчисти убиство во обид и поднесе кривична пријава против едно лице

Vecer | 17.11.2024

СВР Скопје расчисти убиство во обид и поднесе кривична пријава против едно лице

Полицијата го лишила од слобода А.И. од Скопје бидејќи на 14 ноември пукал во Ш.М. и му нанел прострелна рана на абдоменот.

„На 15.11.2024 во Скопје, полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје го лишиле од слобода А.И.(46) од Скопје.

Тој се сомничи дека на 14.11.2024 на ул.„Брсјачка буна“ во Скопје со пиштол пукал кон Ш.М. од Скопје и му нанел прострелна рана на абдоменот.

А.И. бил задржан во полициска станица и против него, по брза постапка, била поднесена кривична пријава „убиство“ во обид по член 123 во врска со член 19 од Кривичниот законик.

Судија на претходна постапка на А.И. му определи мерка притвор во траење од 30 дена, по што бил пренесен во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издршување на мерката“, соопшти МВР.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk