logo
logo
logo

СВР-Штип со детали за инцидентот и заканите кои ги добил штипскиот градоначалник Јорданов

Vecer | 22.03.2023

СВР-Штип со детали за инцидентот и заканите кои ги добил штипскиот градоначалник Јорданов

Секторот за внатрешни работни-Штип во писмено соопштение до медиумите потврдува за инцидентот и заканите кои ги добивал градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов од лицето Ј.М. вработен во Оштина Штип.

-На 21 март во 22:45 часот во Полициската станица Штип, И.Ј.(35) – градоначалник на Општина Штип, пријавил дека Ј.М. од Штип, вработен во Општина Штип, во неколку наврати во последните неколку месеци му упатувал закани. Според пријавеното, околу 19:40 часот гумите на службеното возило, кое го користел И.Ј., од страна на Ј.М. биле исечени. Се работи на расчистување на случајот, се вели во соопштението на СВР-Штип.

Градоначалникот на Општина Штип, Јорданов денеска пред медиумите потврди дека иницидентот и заканите ги пријавил во полиција. Според Кривичниот законик сторителот на заканите се соочува со кривично дело загрозување на сигрурност, а затворската казна се движи од три месеци до три години.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk