logo
logo
logo

Свадбарско оро под строги протоколи: Како ќе изгледаат прославите летово?

Vecer | 19.05.2021

Свадбарско оро под строги протоколи: Како ќе изгледаат прославите летово?

Ако ситуацијата со ковид продолжи да биде стабилна, односно ако има и понатаму мал број на новодијагностицирани случаи и мал притисок врз болниците, тогаш многу е веројатно да им се дозволи на угостителите да прават свадби, ама со протоколи во однос на пополнетост на капацитетот, најави министерот за здравство Венко Филипче.

Според него, маските ќе останат да се користат и на отворено и на затворено, угостителите ќе продолжат да работат на отворено и евентуално ќе се излезе во пресрет да се зголеми бројот на посетители на една маса. Сите други протоколи ќе останат и понатаму, со 30 проценти исполнетост на затворено и половична исполнетост надвор. За сите овие мерки според Филипче ќе заседава Комисијата за заразни болести по први јуни.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk