logo
logo
logo

Судот на Филип Андов Сокол наместо да определи притвор само му одзема пасош, МУ ОТВОРА ЛИ ПАТ ДА ИЗБЕГА?

Vecer | 01.03.2025

Судот на Филип Андов Сокол наместо да определи притвор само му одзема пасош, МУ ОТВОРА ЛИ ПАТ ДА ИЗБЕГА?

Судот под плаштот на СДС, Филип Андов Сокол наместо да му определи притвор само му одземал пасош, му се отвора ли патот да избега? Не е чудно зошто СДС грчевито се бори за корумпираните судии и ги брани со последни сили. Тие се последниот бедем на нивната криминална империја, изјави Миле Лефков пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ.

Корумпираните судии кои го пуштија на слобода Филип Андов Сокол кој шетал притвореници осомничени за тешки кривични дела како да се на екскурзија, се одговорни ако тој се даде во бегство.

Со што судот се убедил дека Филип Андов Сокол кој шетал опасни затвореници низ Скопје, наместо да бидат во ќелија, нема да се впушти во бегство?

Ова се истите судии кои го ослободија убиецот на Фросина, судиите кои под влијание на Наќе Ѓеоргиев и Иџет Мемети му дадоа поблага казна на Боро Марлборо, судиите кои ги чуваат криминалците од СДС. Ова се судиите кои во своите домови имаат штабови на СДС. Од ова е јасно зошто мора да има реформи во судството.

Со вакви одлуки довербата во судството ќе го пробие дното. Ќе нема ниту еден граѓанин кој ќе верува, истакна Лефков.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk