Денес ќе се задржи променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд. Ќе дува засилен ветер, во западните делови од западен, а во источните од северен правец. Попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пообилен пороен дожд (над 20л/м2), грмежи и засилен ветер (над 60км/ч.). Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме.
Поради спуштање на постудена воздушна маса од север во текот на ноќта и утре претпладне врнежите на планините и на повисоките места ќе бидат од снег, при што ќе се формира нова снежна покривка (2-10см).
Утринските температури ќе се движат од -2 до 9 степени, а дневните во интервал од 5 до 20 степени.
Во Скопје, променливо облачно, попладне и во текот на ноќта со повремени врнежи од дожд, повремено поројни проследени со појава на грмежи. Во текот на ноќта во повисоките делови од котлината е можно провејување на снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, максималната дневна температура ќе биде 15 степени.
Потоа следува период на стабилно време со ниски утрински температури кои до петок насекаде ќе бидат под нула.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата