Проф. д-р Весна Јаневска, актуелната Министерка за образование била во посета на Кочани.
Во едно од училиштата одржала итен состанок со вработените во училиштата во Кочани, а тема на состанокот бил трагедијата што се случи во ноќниот клуб.
Меѓу починатите и повредените има многу ученици во двете средни училишта, а на состанокот исто така владеело траорна атмосфера, пишува Метропола.
Во еден момент на еден од присутните му се слошило и колабирал, а министерката прва втрчала и му укажала помош да му го извлече јазикот за да не се задуши.
Како што е познато Јаневска по професија е доктор и работи на Институт за патологија при Медицинскиот факултет во Скопје како специјалист патолог и редовен професор.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата