logo
logo
logo

СТУДЕНТИТЕ ГИ ПРЕПОЗНАА МАНИПУЛАЦИИТЕ: Студентскиот пленум не доби поддршка

Vecer | 24.03.2025

СТУДЕНТИТЕ ГИ ПРЕПОЗНАА МАНИПУЛАЦИИТЕ: Студентскиот пленум не доби поддршка

Студентскиот пленум не доби поддршка од студентите кои ја препознаа политичката игра и манипулациите по вчершаното видео кое се појави на социјалните мрежи во кое се гледа како обучувач од протестите во Србија, држаи онлајн предавање за студенти за организирање на пленум и во Македонија.

Воедно тие малкумина кои се собраа денес околу 20 на број ги избркаа и медиумите.

Денеска во 13 часот беше платото на кампусот на УКИМ, каде беше најавена средба на студентски пленум во организација на Самостојниот студентски сојуз на УКИМ.

Студентите од околните факултети беа само случајни минувачи кои немаа намера да присуствуваат на собирот.

По десетина минути студент со мегафон излезе од зградата на Филозофскиот факултет и ги повика студентите да влезат во салата на Филозофскиот факултет.

-Никој не ве повикал, не сакаме новинари, не сакаме да не снимате, вие сте платеници, зборуваше ова лице кое не сакаше да каже кого претставува, пренесоа медиумите

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk