logo
logo
logo

Мицкоски

„Струјата ќе поскапува оти ЕЛЕМ не произведува, таму се краде, а сметката ја плаќаат граѓаните“

Vecer | 14.05.2022

„Струјата ќе поскапува оти ЕЛЕМ не произведува, таму се краде, а сметката ја плаќаат граѓаните“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски одговарајќи на прашање за коментар околу најавата на вицепремиерот Фатмир Битиќи дека е извесно да има поскапување на струјата ова лето, тој одговори дека тоа е очекувано бидејќи во ЕЛЕМ не се произведува струја, туку се краде, а недостатокот што требало да го произведат тие што крадат ќе треба да се увезе, а на крај сметката ја плаќаат граѓаните.

- Струјата ќе поскапува и тоа го зборувам веќе подолг период. Мислам дека и на вас ви дадов едно интервју пред минатата година да поскапи, бидејќи ЕЛЕМ не произведува, бидејќи во ЕЛЕМ се краде, односно денешно ЕСМ, рече тој.

Мицкоски посочи дека за неговите тврдења ќе даде само два примери.

- Пред две години, Регулаторна комисија секоја година објавува извештај за работењето на енергетскиот пазар во Македонија и пред две години Регулаторна комисија вели дека Електрани на Македонија произвеле 4,1 терават часови струја. Сега оваа 2021 едвај 3,1, а тоа е 1 терават часови струја помалку или да преведам во бројка тоа е еден милион мегават часови. Ако имаме претстава дека просечните цени на берзите е некаде околу 220 – 225 евра, ако вас таа струја ви недостасува бидејќи овие што произведуваат, наместо да произведуваат крадат, вие мора да ја увезете. Значи во еден момент вие мора да увезете 220 – 225 милиони евра вредна струја и тоа мора некој да го плати, вели Мицкоски.

Мицкоски додаде дека не очекува овие што го крадат ЕЛЕМ да извадат од џеб и да платат и декатоа мора повторно народот да го плати, бидејќи тоа им е најлесно нив и они не знаат како поинаку.

- И како тоа ќе го плати народот? Преку поскапа сметка или преку трошење на државните девизи. Излезе пред некој ден во медиумите една вест дека првиот квартал од оваа 2022 година државните резерви се намалени за отприлика 12-тина проценти во нето износ или некаде околу 400 милиони евра и тоа се пари потрошени токму поради тоа што биле увезени енергенси. Зошто? Затоа што овие не произвеле, а не произвеле затоа што некој крадел. Многу едноставно. Не едноставно туку болно, но многу е едноставно методолошки да се следи сето ова, нагласи Мицкоски.

Мицкоски изјави дека а крајот на денот народот повторно ќе ја плати сметката и тоа очекувам на крајот на овој регулиран период што истекува некаде крајот на јуни, веќе од први јули да имаме повисоки сметки за електрична енергија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk