logo
logo
logo

Стратешкото партнерство носи МОДЕРНИЗАЦИЈА НА ЖЕЛЕЗНИЦАТА И ПРОЕКТИ ВО ЗДРАВСТВОТО

Vecer | 19.05.2025

 Стратешкото партнерство носи МОДЕРНИЗАЦИЈА НА ЖЕЛЕЗНИЦАТА И ПРОЕКТИ ВО ЗДРАВСТВОТО

Првата причина е стратешка и политичка. Колку повеќе стратешки договори и вакви партнерства имаме со големи и значајни светски фактори, како што е Обединетото Кралство, толку подолгорочна ќе биде стабилноста и перспективата на Македонија како држава, но и на граѓаните. Јас на овој договор гледам како на чекор напред во таа насока. Убеден сум дека ваквиот вид пријателство и партнерство може да донесе само добри работи за граѓаните.“, изјави премиерот Христијан Мицкоски денеска при посетата на тренинг центарот во Идризово, каде што беше промовиран новиот пристап за третман на лица прекршители на законите, во однос на договорот со Обединетото кралство.

„Во економска смисла- тоа е втората причина- веќе споменавме дека имаме рамка со која ни се ставаат на располагање околу 6 милијарди евра, или околу 5 милијарди фунти. Станува збор за два типа на проекти кои се договорени за работа.

Првиот е реконструкција, модернизација и изградба на уште еден колосек на пругата што е дел од Коридорот 10, на потегот од Табановце до Гевгелија.

Втората група проекти се поврзани со здравството: конечно завршување на Клиничкиот центар Штип, заедно со Медицинскиот факултет и студентскиот дом со 200 легла, завршување на здравствената установа во Кичево и реконструкција на Клиничката болница во Тетово.“

„Продолжуваме и понатаму да ја искористуваме рамката што ни стои на располагање. Тука, секако, спаѓаат проекти од енергетиката, проекти особено од транспортот, како и проекти од областа на медицината и здравството.“, истакна Мицкоски.

„Можно е, во догледно време, доколку сè функционира на начинот на којшто очекуваме, да биде изграден и големиот клинички центар во Скопје . Така што, придобивките ќе се мултиплицираат, и јас сум убеден дека како држава сме на прагот на еден трансформационен период.

Станува збор за трансформациони проекти кои што имаат за цел да додадат вредност- не само во квалитетот на живот на граѓаните тука, туку и генерално во македонската економија.“, дециден е премиерот Мицкоски.

Во престојните денови ќе биде остварена и посета на Лондон каде високи делегации од двете влади ќе потпишат договор.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk