logo
logo
logo

СТРАШНО ВИДЕО: 10- годишно дете во Кочани ги моли да го однесат кај мајка му а тие крвнички го тепаат

Vecer | 14.04.2021

СТРАШНО ВИДЕО: 10- годишно дете во Кочани ги моли да го однесат кај мајка му а тие крвнички го тепаат

Жители од кочанската населба „Трајаново трло“ претепале 10- годишно дете за наводна кражба, за кое како што велат (не се знае што е украдено).

На снимката која е објавена на социјалните мрежи се гледа како жителите на „Трајаново Трло“ физички малтретираат малолетно 10 годишно дете кое наводно го фатиле во кражба. Се слуша и како детето плачејќи ги моли да го однесат кај мајка му, но наместо тоа, тој добива клоци, шамари и тупаници…

https://www.youtube.com/watch?v=04TkZ0Ia5Ok&t=1s

Случајот е потврден од МВР и најавија дека се преземаат мерки, а ќе бидат поднесени и соодветни кривични пријави.

„Кривична пријава за насилство врз дете во Кочани

Во врска со случајот со насилство врз дете во Кочани, за што постои и снимен материјал што се споделува на социјалните мрежи, ОВР Кочани ја известува јавноста дека во координација со ОЈО Кочани ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело „насилство врз дете“, а идентификувани се девет лица, со кои е извршен службен разговор и по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава. По преземени мерки утврдено е дека настанот се случил на 11.04.2021 околу 20 часот во Кочани.

ОВР Кочани презема мерки и за расчистување на останатите инциденти кои следеле во текот на вечерта. Во координација со ОЈО Кочани до сега се приведени А.Н. , Н.Н. и А.В., а извршен е службен разговор со 20 лица. По целосно расчистување и документирање на настаните ќе бидат поднесени соодветни пријави“, стои во соопштението на МВР.

Инаку, овој инцидент се случува откако пред само неколку дена жителите од „Трајаново Трло“ на протестот против изградба на типски куќи на социјално загрозени семејства, истакнаа транспарент „Само преку нас мртви“, нагласувајќи дека нема да дозволат до нив да се изгради нова населба која ќе биде населена со Роми.

ТВ21

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk