logo
logo
logo

Стојаноска: ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи етничка припадност во личните карти, бидејќи повредено е националното чувство

Vecer | 18.02.2021

Стојаноска: ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи етничка припадност во личните карти, бидејќи повредено е националното чувство

Ние бараме да нема промена на името на Република Македонија, и другото прашање е да стои националност Македонска, вели пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска.

Таа ова го истакна во своето гостување во емисијата „Клик плус“ на телевизија Тв21 разговарајќи околу личните карти и дали на нив ќе има и етничка припадност потенцирајќи дека повредено е националното чуство во својата единствена матична држава Македонија.

„Токму поради договорите со Грција и со Бугарија, македонскиот народ не може да се сретне со придавката македонски. Едноставно забрануваат примена.

Поради повредено национално чувство на македонскиот народ во својата матична држава, поради тоа би се согласиле, слушајќи го македонскиот народ, нека стои македонец како националност“, објасни Стојаноска, додавајќи дека тоа нема да биде облигативно, туку тоа ќе биде по сопствена волја на граѓаните.

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ рече дека и премиерот Заев потврдил дека ова бил коалиционен договор со БЕСА, од кој сега ретерира.

„Самиот Заев потрвди дека е договор со БЕСА. Ова е тоа што им го ветиле пред изборите.  И сега што прават? Сега БЕСА го носи предлогот на законот. Сега не СДСМ, туку Левица бомбардира со амандмани, и тоа ќе се заклучи, а СДСМ ќе има оправдување“, истакна Стојаноска.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk