logo
logo
logo

Стоилковски: Зад хаосот на Ковачевски и Арсовска има договор бугарска фирма да го земе приватниот градски сообраќај?

Vecer | 06.12.2022

Стоилковски: Зад хаосот на Ковачевски и Арсовска има договор бугарска фирма да го земе приватниот градски сообраќај?

Зад хаосот во Скопје, долговите и девастирањето на градските претпријатија стојат провизии од мрсни, богати тендери и договори, истакна на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски. Во продолжение интегрален текст и видео од прес-конференцијата на Стоилковски: -Време е да се отворат картите, време е за вистински одговори: Дали нема попуст од милионскиот договор за нафта за ЈСП со фирма на пратеник од власта, затоа што има провизии кои се договорени да завршат во приватни џебови? Дали е точно дека зад сите матни зделки на Град Скопје стои Драги Митковски познат како Драги Книга? Дали сметководителот од Ѓорче Петров од заднина управува со ЈСП за провизии? Дали заедно со него и прв соработник во договарањето на провизиите од матните зделки е близок роднина на Данела Арсовска. Но и, дали зад тргањето на приватните превозници стои желбата превозот во Скопје да го преземе приватна фирма од Бугарија за која инсистира владата на Ковачевски? Дали на средбата Арсовска – Ковачевски било договарана оваа компанија од град близу Софија да биде единствен приватен превозник во град Скопје? Почитувани, Во моментот власт во Скопје се директорите на јавните претпријатија кои доаѓаат од СДС, од ДУИ и од Левица под патронат на Ковачевски и Арсовска. Стотици луѓе немаат леб на маса, градот тоне во долгови, но затоа има огромни провизии! Скопје не може да издржи уште еден криминоген и неспособен градоначалник!, порача Стоилковски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk