logo
logo
logo

Стоилковски:

Три фирми во косопствеништво на Заев должат милион и пол евра, а Лукаревска му е новата десна рака?

Vecer | 24.05.2021

Три фирми во косопствеништво на Заев должат милион и пол евра, а Лукаревска му е новата десна рака?

Унапредувањата во партиската хиерархија во СДСМ се должат на слугувањето на криминалот, мафијата и на девастирањето на државата, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски на денешната прес-конференција.

- Факт е дека Сања Лукаревска стана десна рака на Зоран Заев, додека семејните фирми на Заеви со години должат кон државата, должат за данок. Шаблонот е лесен, УЈП не презема ништо за ненаплатените даноци, а во замена Лукаревска добива висока партиска функција. Ова е класична злоупотреба, ова е класична партизација на државата, на администрацијата, ова е класично преземање на јавните институции во партиски цели.

И денеска прашањето е јасно, дали напредувањето на Сања Лукаревска во СДСМ се должи на фактот што како директор на УЈП фирмите на Заеви без стравување од некаква санкција, со години се на листата неплаќачи на данок. За нив нема извршители, истакна Стоилковски.

Според него, на листата на должници на УЈП, на листата неплаќачи на данок се и компаниите во коишто Заеви се сосопственици.

- Вице Заев е содружник во градежната компанија „Дравас Инженеринг“, која заклучно со август, лани, имала вкупен доспеан, а ненаплатен долг од 41 милион 325 илјади денари кон државата. Од нив 25 милиони денари се за ДДВ, 14,7 милиони денари за данок на добивка и 279 илјади денари за плати и за придонеси.

Втора компанија е „Сара Инженеринг“ со вкупен долг од 33 милиони 811 илјади и 500 денари, од нив за ДДВ се 13,5 милиони денари, за данок на добивка се 19,7 милиони денари и за плати и придонеси се 78 илјади денари. Само со овие две компании, Заеви должат 1 милион 220 илјади евра данок кон државата.

На оваа листа е и фирмата „Сара Јавор Инженеринг“, чиј вкупен долг изнесува 16 милиони 204 илјади денари, од кои за ДДВ се 13,5 милиони денари и за данок на добивка се 2,1 милион денари. Со тоа, само од трите фирми во кои сосопственик е Заев, кон државата должат речиси еден ипол милион евра, односно над 1 милион 485 илјади евра. И ова се повторува со години, така, на листата неплаќачи во 2019-та пак беа фирмите на Заеви, како „Еленица“ со долг од речиси 10 милиони денари, додека „Дравас Инжинеринг” должела речиси 17,000,000 денари, по основ на данок на додадена вредност, данок на добивка и по основ на персонален данок на доход.

Почитувани, додека СДСМ со Заев ја задолжи државата и планира да покачува даноци, фирмите на Заеви не плаќаат даноци, а директорката на УЈП добива унапредување во партијата на Заев. И денеска, наместо празни соопштенија за транспарентност, СДСМ треба да одговори, дали Сања Лукаревска е унапредена во партијата затоа што овозможува на фирмите на Заеви со години да се на листата неплаќачи данок? Транспарентноста во тоа дека семејните фирми на Заев не плаќаат данок не е напредок, напротив е дрскост и доказ за неказнивоста. Додека се качуваат даноците за граѓаните, а УЈП спроведува санкции за нив, Заеви се пример за неплаќање данок!, рече Стоилковски.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=BqG01T2oCk0[/embed]

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk