– Бугарската страна ги истакна своите проактивни напори во последните месеци за решавање на отворените прашања со Скопје, со цел да се гарантираат правата на граѓаните со бугарски идентитет и спроведувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година. Очекуваме јасни гаранции од Република Северна Македонија за ова, соопшти бугарското МНР.Стоев денеска и утре престојува во Рига каде учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО, на кој учествува и шефот на дипломатијата Бујар Османи. Во рамки на министерскиот состанок на НАТО, како што соопшти бугарското МНР, ќе се одржи и средба со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел и партнерите Шведска и Финска за актуелните случувања на Западен Балкан.