logo
logo
logo

Стигна најава од Русија: Да се сопре гасот за Македонија, Бугарија и Црна Гора оти не дозволија прелет на авионот на Лавров

Vecer | 06.06.2022

Стигна најава од Русија: Да се сопре гасот за Македонија, Бугарија и Црна Гора оти не дозволија прелет на авионот на Лавров

Македонија, Црна Гора и Бугарија, кои не дадоа дозвола за летање со авионот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, треба да престанат со снабдување со руски енергенси, смета првиот заменик-претседател на Комитетот за меѓународни прашања на Советот на Руската Федерација Владимир Јабаров, објави „Политика.рс“. Црна Гора, Бугарија и  Македонија вчера го забранија летот на руски владини авиони преку нивниот воздушен простор  пред најавената посета на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на Србија. Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, потврди дека земјите што ја опкружуваат Србија го затвориле небото за авионот на Сергеј Лавров, нагласувајќи дека Москва не е таа што гради нова „железна завеса“, туку дека Европа ја оградува Русија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk