Денеска, на Националниот совет за евроинтеграции, каде се презентираа приоритетите на Кипарското претседателство со Советот на ЕУ, од СДСМ немаше ниту еден присутен пратеник, тврди Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Кога дури ни сопствените пратеници не му се појавуваат на седница што ја води Венко Филипче, прашањето веќе не е дали во СДСМ има внатрешен конфликт, туку колку е длабок“, пишува Петрушевски на својот Фејсбук профил.
Пратеникот прашува и дали со бојкотот на лидерот Филипче пратениците на СДСМ испраќаат порака до јавноста и до европските партнери.
„Очигледно, последниот Конгрес на СДСМ предизвика поголеми поделби, наместо обединување, како што вели Филипче“, коментира Петрушевски.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата