logo
logo
logo

Стерјовски побара од сите да се почитува одлуката за употреба на македонските топоними

Vecer | 23.02.2021

Стерјовски побара од сите да се почитува одлуката за употреба на македонските топоними

Пратеникот од Македонска алјанса за европска интеграција, МАЕИ, во албанскиот Парламент, Васил Стерјовски вчера го актуелизира прашањето околу спроведувањето на одлуката на Парламентот за враќањето на традиционалните топоними во Мала Преспа.

Во обраќањето на денешната пленарна седница, Стерјовски потсети дека во 70-те години на минатиот век, Народното собрание на Албанија ги сменило имињата на селата во областа Преспа.

-По падот на комунизмот, жителите од македонската заедница во областа Преспа постојано се обидуваа да ги вратат македонските топоними на селата. Благодарение на преговорите на партијата Македонска алијанса за европска интеграција со парламентарните партии, во 2013 година албанското Собрание ја изгласа промената на името на општина Лиќенас во старото име општина Пустец, рече тој.

Додаде дека во 2013 година, со одлука на Советот на Општина Пустец и со одобрение на Префектурата Корча, се сменија и имињата на селата во областа Преспа, враќајќи ги традиционалните македонски имиња.

-Жителите реагираат дека иако поминаа осум години од промената на имињата на селата во општина Пустец, старите имиња не се променети во информативните табли, патната сигнализација, таблите на институциите итн., а и многу институции во официјалните документи сè уште ги користат старите имиња, посочи Стерјовски.

Поради тоа тој ги повика сите сите институциите кои имаат врска со Општина Пустец да го почитуваат законот и да ги користат променетите имиња на селата. (МИА)

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk