logo
logo
logo

Сте слушнале ли за Крмзов од Струмица?! ЕВЕ КОЈ ЗАРАБОТИ 30 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ГОДИНА ОД ГРАДБИ НА СТАНОВИ

Vecer | 14.05.2024

Сте слушнале ли за Крмзов од Струмица?! ЕВЕ КОЈ ЗАРАБОТИ 30 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ГОДИНА ОД ГРАДБИ НА СТАНОВИ

Околу 32 милиони евра е добивката на најголемите градежни фирми чија основа на бизнисот е изградба на згради за колективно домување во 2023. Крмзов-МР, на струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов, кој гради станбени комплекс, има убедливо најголема добивка од повеќе од 9 милиони евра.

Во Топ-10 од минатата година се и кумановските Мега и Голден Арт, инаку фирми сопственици на парцели во кругот на поранешната фабрика „Треска“ во центарот на Скопје.

Во најдобрите 10 е и СМС Шопс Скопје, компанијата на бизнисменот Амар Салиу која ги гради становите во комплексот „East Gate Living“ во скопска Автокоманда.

Според анализата на Фактор, компанијата Адора инженеринг на Ванчо Чифлиганец е на третото место, а блиску со добивката е битолската Стентон Градба на Снежа Стоајноска, иако заработката на ова друштво треба да се земе со доза на резерва, затоа што приоритетна дејност е изградба на станови, но сепак работи и на проекти од нискоградба и инфраструктура

По пропаста на Еуростандард Банка сопственикот Трифун Костовски посочи дека загубата од над 60 милиони евра е последица на договори на бизнис кругот околу тогашниот премеир Зоран Заев и раководството на банката без тој да ги знае тие матни зделки:

Трифун Костовски рече дека нарачал истрагата со пропаѓањето на неговата „Еуростандард банка“. На прашањето дали има сознанија каде завршувале парите што биле земени како кредити без покритие, тој рече:

– Најголем дел завршувале во струмички фирми, фирмите на господинот Крмзов, кои се 18-19-20 на број и се занимаваат со од игла до авион. За мене е непоимливо да имам таков партнер во банката – рече Костовски.

Тој алудираше на познатиот струмички бизнисмен Ристо Крмзов, но рече дека со него немал никаква врска.

– За Крмзов и неговите фирми и отвореноста на банката кон неговите фирми разбрав во последните дванаесет месеци пред самиот стечај. Сѐ уште ни ми е јасно како Крмзов стана најсилен партнер на Еуростандард банка. Дали блискоста на Петкоски со тогашниот премиер на Владата, Зоран Заев, беше повод за масовна поддршка на секој бизнис од Крмзов, бидејќи бил близок до премиерот Заев како човек и бизнисмен? Секако тука влегуваат повеќе фирми од Струмица блиски до СДСМ. Фирмата „Галафарм“ Скопје, исто така, е секаде присутна во таканаречените позајмици на средства што се одлевале од банката. Тие траги на одлеани пари сѐ уште не се детално откриени – речеКостовски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk