logo
logo
logo

Уривање на ДИВОГРАДБА, компромис со почитување на Законот – НЕМА, порачува Стефковски (ВИДЕО)

Vecer | 18.12.2025

Уривање на ДИВОГРАДБА, компромис со почитување на Законот – НЕМА, порачува Стефковски (ВИДЕО)

Од раните утрински часови денеска, во скопското село Инџиково започна акција за уривање на бесправно изграден објект, откако сопственикот не постапил по решението за стопирање на градбата.

Акцијата почнала во 5 часот наутро, со асистенција на полицијата, а на терен биле ангажирани општинските служби на Гази Баба. Објектот бил во почетна, карабина фаза – приземје, но, според надлежните, постоела јасна намера да се надгради уште еден кат.

Градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски, информираше дека инвеститорот продолжил со градежните активности и покрај тоа што претходно му било изречено решение за затворање на градилиштето.

– Во моментот на акцијата, објектот беше во приземје – карабина фаза, со јасна намера за надградба на уште еден кат. И покрај донесеното решение од градежниот инспектор за стопирање на градбата и затворање на градилиштето, субјектот не постапил по решението и продолжил со градежни активности. Почитувајте ги законите и не започнувајте градба без добиено Одобрение за градење. Ред, закон и еднаквост за сите, порачува Стефковски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk