logo
logo
logo

ССМ и Трендафилов ги лажат работниците за минималец, а генералниот секретар на УПОЗ зема 80.000 денари

Vecer | 30.03.2025

ССМ и Трендафилов ги лажат работниците за минималец, а генералниот секретар на УПОЗ зема 80.000 денари

ССМ и Трендафилов ги лажат работниците за минималец, додека генералниот секретар на УПОЗ зема 80.000 денари плата, изјави Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ

Според информациите кои дојдоа до нас од свиркачи во ССМ, покрај Слободан Трендафилов и Трпе Деановски, со енормни примања е и генералниот секретар на УПОЗ.

Според информации кои ги добивме генералниот секретар на УПОЗ, додека ги лаже работниците со минимална плата, покрај платата од скоро 80.000 денари, има и примања по други основи и договори на дело, со што годишните примања му надминале 1 милион денари.

Ова се синдикалците на батерии, кои го лажат народот и работниците, затоа што треба да одработат за СДС, кои ги поставија на овие позиции спротивно на сите прописи.

Битката на Слободан Трендафилов и неколкумината околу него е за позициите кои ги држат, парите кои ги земаат и што  треба тоа да одработат. Прочитани се, истакна Петрушевски

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk