Српските медиуми ја препорачуваат Македонија во време кога патувањето стана вистински луксуз и многу Срби сè уште бараат дестинации по пристапни цени кои овозможуваат одмор без премногу празнење на паричниците.
Јасно е дека е важно секој да најде опции кои нудат максимално уживање и минимални трошоци, па затоа направивме листа на пет најевтини дестинации кои се идеални за Србите кои сакаат да уживаат во патувањето без да потрошат цело богатство.
Албанија - неоткриен рај на Јадранот
Албанија е вистинската дестинација за секој кој сака да ужива во прекрасните плажи, кристално чистите мориња и богатата историја без да троши многу. Од популарните плажи на Драч и Валона, до скриените заливи околу Химара, Албанија го нуди сето тоа по исклучително пристапни цени. Оброците во рестораните се достапни, а сместувањето на брегот може да се најде за помалку од 30 евра од ноќ.
Босна и Херцеговина - природна убавина на дофат на раката
Ако сте љубители на природата и историјата, Босна и Херцеговина е одличен избор. Посетете го Сараево, град со богата историја или природните убавини околу Мостар и националните паркови како Сутјеска.
Босна нуди евтино сместување, ресторани и атракции, така што не мора да се грижите за високите трошоци за време на вашиот престој. Оброкот во ресторан може да чини само неколку евра, а возењето низ прекрасните пејсажи на оваа земја нема да ви го испразни паричникот.
Македонија - убава, блиска и евтина
Македонија е дестинација која е се попопуларна меѓу туристите од Србија, а е и многу прифатлива. Охрид е вистински скапоцен камен на оваа земја, со своето езеро и стариот град, кои нудат многу за многу малку пари.
Сместувањето и храната се достапни, а пријателските домаќини додаваат дополнителна вредност на оваа дестинација. Македонија е идеална за секој кој сака да ужива во евтини и незаборавни патувања.
Црна Гора - блиску, но не премногу скапо
Црна Гора е синоним за летен одмор, но не мора да е скап. Иако цените во Подгорица и популарните крајбрежни градови како Будва или Котор се зголемени, многу други локации на црногорското крајбрежје, како Бар или Херцег Нови, нудат прифатливи опции.
Сместувањето и оброците во помалите градови може да се најдат по многу ниски цени, а ќе уживате и во прекрасните плажи и историски знаменитости.
Романија – уживање за малку пари
Романија е дестинација која нуди исклучителна вредност за парите. Букурешт со својата архитектура и модерен живот, како и Трансилванија со замоци и планини, се одлични опции за буџетско патување.
Ова се првите пет најевтини дестинации за српските туристи
Во Романија можете да уживате во историјата, традицијата и вкусната храна без да потрошите многу. Сместувањето и јавниот превоз се многу достапни, а локалните јадења ќе ве заситат и задоволуваат на секој чекор, објави Б92.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата