logo
logo
logo

Мицкоски: Кога исчезнуваа пратеници, тие велеа дека со срцето се во Брисел, а со душата во Вашингтон

Vecer | 13.03.2025

Мицкоски: Кога исчезнуваа пратеници, тие велеа дека со срцето се во Брисел, а со душата во Вашингтон

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата „Само интервју“ вели дека загриженоста на опозицијата за нашите односи кон ЕУ поради стратешките односи со САД е на лицемерни односи.

-Кај опозицијата секогаш ќе има дилема што и да направиме ние, и јас не очекувам дека опозицијата ќе излезе со поддршка за чекорите кои што ги прави ВМРО-ДПМНЕ и кои што ги прави македонската влада. Нивната загриженост се темели на лицемерие затоа што ако до вчера се сеќавате кога исчезнуваа пратеници, тие велеа дека со срцето се во Брисел, а со душата во Вашингтон, во името на тоа да се претстават дека САД се нашиот најважен стратешки партнер. И како тоа вистинското прашање е сега наеднаш тој наш стратешки партнер во суштина и не е наш стратешки партнер, и како тоа наеднаш сите ние кои до вчера бевме обвинувани дека сме заедно со Русија, дека сме поисточни, иако во животот никогаш не сме биле поисточно од Бугарија итн., станавме стратешки партнери на САД и тоа не чини, дециден е Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk