logo
logo
logo

Српски Comel БАРА УШТЕ 16,5 МИЛИОНИ ДЕНАРИ за поправање на трансформаторот за РЕК Битола

Vecer | 27.09.2022

Српски Comel БАРА УШТЕ 16,5 МИЛИОНИ ДЕНАРИ  за поправање на трансформаторот за РЕК Битола

Белградската компанија Comel  (Цомел ДОО Белград) бара уште дополнителни 14 милиони денари или 16.520.000 денари со ДДВ (268.617 евра) за да го поправи енергетскиот трансформатор на РЕК Битола кој изгоре во пожар минатата грејна сезона односно лани во ноември. Кон договорот кој првично беше склучен во март годинава и тоа без објава на тендер, вчера е склучен анекс на договор со кој за да се изврши работата Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), подружница РЕК Битола  треба да плати вкупно 2,2 милиони евра, иако првично договорот вредеше 1,98 милиони евра, објави Блумберг адриа.  

Овој трансформатор е клучен за да се стави во функција третиот блок на РЕК Битола. Надлежните од државната енергетска компанија и првиот човек Васко Ковачевски во неколку наврати веќе, тврдат дека со почетокот на сезоната РЕК Битола ќе работи со полн капацитет односно со трите блока. 

Според информациите на Блумберг адриа Цомел го поскапува репарирањето на трансформаторот, а не се бараат други измени во договорот.  

Првичниот, кој по издадено мислење на Бирото за јавни набавки, а со образложение дека е итен, беше склучен без објава на тендер во март годинава. Според него, српската компанија имаше рок за поправка од девет месеци од преземањето на трансформаторот кој се поправаше во Србија. Сепак и покрај тоа што договорот е од март, трансформаторот тргна кон фабриката дури на крајот на мај годинава.  

Деветте месеци предвидени за репарацијата истекуваат до февруари следната година, ама тој е клучен за работата на третиот блок кој е потребен за производство на струја уште веднаш. Кога се носеше во Србија од РЕК Битола изјавија дека за да се пренесе постројката требало да се демонтира и да се спакува во неколку камиони. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk