logo
logo
logo

Средство за спречување на појава на змии, поставува скопската општина Карпош

Vecer | 26.06.2021

Средство за спречување на појава на змии, поставува скопската општина Карпош


Откако беше спроведена редовната дезинсекција и дератизација, како и акција за спречување на појава на влекачи по населените места, општина Карпош презема дополнителни мерки и службите поставуваат „Репелент“ – средство за превенција, односно заштита од змиите, соопштија од општината.

Станува збор за природен производ кој е безопасен за луѓето, животните и околината, којшто придонесува за намалување на појавата на влекачи. Ова ефикасно средство содржи екстракција на етерични масла од тревки и дрвја, а дејствува на тој начин што шири мирис на свеж оган, при што ги одбива змиите да се приближат до одредена површина.

Оваа ситуација е карактеристична за повисоките места во општината како што се Жданец и Трнодол, населби кои граничат со шумско подрачје и долж течението на реката Вардар. Појавата на влекачи во овие делови е резултат на покачените температури во скопската котлина, како и распространетата вегетација.

Овие два дена, „Репелент“ се поставува во горепосочените места, како и околу градинките и дел од детските игралишта кои се попосетени, велат од општината.

Ги повикуваат сите граѓани, кои ќе забележат појава на змии во нивните населби, да ја контактираат општината, со цел да се делува на соодветен начин.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk