logo
logo
logo

Среде Скопје албански иредентизам ТРАНСПАРЕНТ „ЈА САКАМ ЧЕМЕРИЈА“ кај плоштадот Скендербег

Vecer | 21.06.2023

Среде Скопје албански иредентизам ТРАНСПАРЕНТ „ЈА САКАМ ЧЕМЕРИЈА“ кај плоштадот Скендербег

Огромен напис на текстилно платно со големина од околу десетина метри на кое се испишани зборовите „I love Cameria“ никна на надвозникот кај плоштадот „Скендербег“ среде Скопје утринава.

Се уште нема информации кој го поставил и зошто. Сепак предизвика голем број реакции.

Од Слободен печат побарале мислење и од општина Чаир чив е транспарентот закачен во централното подрачје и дали за истиот е побарана дозвола од општинските власти.

Од Општината Чаир одговориле а дека не знаат кој го поставил. Сепак кажале дека вечерва на плоштад Скендербег ќе има културен фестивал со музичка содржина, но сепак не знаат али организаторите го поставиле.

Чемерија е називот кој Албанците го користат за јужните делови на Албанија и дел од Епир, кој не е прифатлив за Грците, зошто генерално се поврзува со албанскиот иредентизам. Чемерија е дел и од идејата за Голема Албанија и „природното“ поврзување на етничките Албанци.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk