logo
logo
logo

Средба Спасовски-Томан

Vecer | 02.03.2021

Средба  Спасовски-Томан


Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, оствари работна средба со амбасадорот на Чешката Република во Република Северна Македонија, Мирослав Томан, и новоименуваниот конзул и раководител на економскиот сектор во Амбасадата на Чешка, Давид Чернохорски.

Од страна на двајцата соговорници на средбата уште еднаш биле потврдени пријателските односи, како и континуираната поддршка што Чешката Република ѝ ја дава на Република Северна Македонија во повеќе сфери на општествениот живот, информираат од кабинетот на Спасовски.

Од таму додаваат дека министерот Спасовски и амбасадорот Томан разговарале и за планираното испраќање нов чешки полициски контингент за поддршка на нашите полициски службеници при справувањето со миграцијата на јужната граница од нашата земја.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk