logo
logo
logo

Средба на премиерот Ковачевски со архиепископот г.г. Стефан

Vecer | 10.11.2022

Средба на премиерот Ковачевски со архиепископот г.г. Стефан

Премиерот Ковачевски информира дека денеска остварил средба со Архиепископот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија г.г. Стефан на која размениле мислења за повеќе актуелни теми. Ковачевски преку неговиот фејсбук профил истакна дека со архиепископот помеѓу другото разговарале и за предизвиците од енергетската криза и за поддршката на најранливите категории. Денеска имав чест со Архиепископот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија г.г. Стефан, да размениме мислења за повеќе актуелни теми, особено за активности по влегувањето на МПЦ-ОА во канонско единство со останатите помесни Православни цркви. На средбата разговаравме и за предизвиците од енергетската криза и за обезбедената поддршка на најранливите категории во овие тешки времиња на економско-енергетска криза, стои во објавата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk