Жените пратенички од СДС треба да се засрамат од фактот што мора да извршуваат партиски насоки на Ковачевски и да го бранат Маричиќ, кој јавно во собрание со сексистички гестикулации ја нападна пратеничката Дафина Стојаноска, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
- Срамно е што жените пратенички од СДС заради партиски притисок не смеат да го осудат Маричиќ, а згора на тоа мораат и да го правдаат. Нема правдање за Маричиќ кој цело собрание го виде како се однесува. Оставка веднаш, се вели во партиското соопштение.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата