logo
logo
logo

Спречен влез на 1,7 тони медикаменти коишто се штетни по здравјето на граѓаните

Vecer | 22.05.2024

Спречен влез на 1,7 тони медикаменти коишто се штетни по здравјето на граѓаните

Царински службеници на влез на Меѓународен аеродром Скопје спречија влез на 1,7 тони медикаменти, Силденафил Цитат Упс и Сибутрамин, коишто се штетни по здравјето на граѓаните. Лековите не се регистрирани во Агенција за лекови, а фирмата увозник немала ниту дозвола за промет на големо со медицински средства односно не е впишана во регистарот на правни лица за вршење на ваков вид дејност, информираат од Управата.

Царинска управа

По вештачењето е утврдено дека медикаментите Сибутрамин е супстанца која се наоѓа на Националните листи на контролирани опојни дроги и психотропни супстанци и истата претставува стимуланс на централниот нервен систем. Уште повеќе, утврдено дека истата предизвикува појава на срцеви и мозочни удари, поради што медикаментите коишто содржат сибутрамин се забранети за продажба од страна на ЕУ од 2010 година.

Царинска управа

Медикаментите Силденафил Цитат Упс (виагра) пак претставува супстанца која влегува во состав на медикаменти за лекување и истата подлежи на контролирана продажба.

Царинска управа

Случајот е преземен од Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги при што против правното лице ќе биде поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk