logo
logo
logo

Според Спасовски имало пријава за недолично однесување на полицајци, немало дека Арачиновци им се заканувале со оружје

Vecer | 02.12.2022

Според Спасовски имало пријава за недолично однесување на полицајци, немало дека Арачиновци им се заканувале со оружје

Откако вчера во медиумите беше објавено дека вооружена група од Арачиново избркала полицајци кои застанале возило во кое возачот немал валидни документи, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели дека имало само пријава за недолично однесување на полицајци.

Досега немаме пријава ниту од полициски службеници дека некој им се заканувал и ги избркал, ниту пријава од граѓани, иако има јавување во полициска станица за недолично однесување на полициските службеници кои биле на пунктот, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање во врска информациите објавени во некои медиуми дека доцна синоќа „полициска патрола била протерана од Арачиново од вооружена група“.

Од опозицијата порачаа дека Оливер Спасовски, СДС и ДУИ се сериозна опасност за функционирањето на МВР и за безбедноста на граѓаните пред растечкиот криминал, насилството и самоволието.

- Криминалци бркаат полицајци. Упаѓаат вооружени во полицијата во Арачиново и полицајците бегаат, биле ИЗБРКАНИ од полициско одделение. Нема друг таков случај во светот. И Спасовски и МВР повторно се обидува да забошотат и премолчат случајот, истакна Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Ова е тежок скандал, за којшто нема оправдување, ниту криењето помага. Вооружени лица блиски до власта, влегле со закани во полициско одделение во Арачиново, а четворица полицајци добиле наредба од претпоставен да се повлечат од полициски пункт, и од Арачиново да се повлечат во Гази Баба, само затоа што е направена контрола, сопреле возило, без валидни документи, додаде тој.

 

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk