logo
logo
logo

Спонтан собир на граѓани пред Влада - протестираат против Францускиот предлог

Vecer | 22.06.2022

Спонтан собир на граѓани пред Влада - протестираат против Францускиот предлог

Спонтан собир на граѓани пред зградата на Владата на РСМ, на протест против „францускиот предлог“ за решавање на спорот со Бугарија и почнување преговори на земјава за членство во ЕУ.

Граѓаните собрани пред владата велат дека „во ниеден случај не смее да биде прифатен овој предлог од Франција“.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=tUElLuXzkfY&feature=emb_imp_woyt[/embed]

Од Владата досега немаше конкретен коментар околу предлогот на француското претседателство со ЕУ, а премиерот Димитар Ковачевски и денеска рече дека „Владата на Република Северна Македонија формално нема добиено предлог кој е усогласен на ниво на сите 27 земји-членки“.

Ковачевски повтори што треба да содржи секој предлог, за да биде прифатен од македонската влада:

„Каков и да биде конечниот усогласен текст на францускиот предлог, посочувам дека, за тој да биде прифатлив за нас, клучни се следниве елементи – чиста формулација за македонскиот јазик во преговарачката рамка и јасна заштита на македонскиот идентитет, историските прашања не можат да бидат критериуми во преговарачката рамка“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk