logo
logo
logo

Пред нас уште еден СПОЕН ВИКЕНД

Vecer | 06.05.2021

Пред нас уште еден СПОЕН ВИКЕНД

Следниот четврток е неработен ден, а потоа ни следува уште еден споен викенд до крајот на месец мај. Имено, муслиманскиот празник Рамазан Бајрам кој се прославува на 13 мај е неработен ден за сите граѓани, а потоа на 24 мај се прославува и Св. Кирил и Методиј.

Ова се сите неработни денови кои преостанаа во 2021-ва година.

За сите граѓани на РМ

13 мај (четврток), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам,

24 мај (понеделник) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители,

02 август (понеделник), Ден на Републиката,

8 септември (среда), Ден на независноста,

11 октомври (понеделник), Ден на народното востание,

23 октомври (сабота), Ден на Македонската Револуционерна Борба,

8 декември (среда), “Св. Климент Охридски”.

За граѓаните од православна вероисповед:

18 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,

28 август (сабота), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед

01 ноември (понеделник), Празникот на сите светци,

25 декември (сабота), првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска вероисповед

20 Јули (вторник), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам.

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

• 22 ноември (понеделник), Ден на Албанската азбука,

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ

• 23 мај (недела), Национален ден на Власите,

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

• 16 септември (четврток), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур,

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

• 28 септември (вторник), Меѓународен ден на Бошњаците,

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

• 21 декември (вторник), Ден на настава на турски јазик.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk