logo
logo
logo

Спасовски: Шпекулации се информациите за туби со гориво во автобусот на „Беса Транс“

Vecer | 25.11.2021

Спасовски: Шпекулации се информациите за туби со гориво во автобусот на „Беса Транс“

Шпекулациите во јавноста за туби со бензин, пиротехника и така натаму само штетат на истрагата, не помагаат. Според моите сознанија, коишто ги имам, воопшто не станува збор за туби со бензин коишто можат да бидат причина за несреќата, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во изјава за бугарската БТВ. Тој додаде дека длабоко верува во истражните органи на Бугарија.
– Оставаме истрагата да ги утврди сите факти и секако најрелеватните податоци треба да дојдат од државните органи на Бугарија. Ние треба да ја утврдиме причината за сообраќајната незгода, дали е тоа од човечки фактор или е некаков технички пропуст на возилото, наведе Спасовски.
Министерот Спасовски посочи дека Царинската управа вчера презема активности во однос на расчистување на постапките, при што двајца цариници се суспендирани и спроведена е дисциплинска одговорност за раководителот.
– Потребна е детална истрага и кривична одговорност за секој еден кој учествувал во вакви дејствија, додава Спасовски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk