Оливер Спасовски започна да ја води истагата за убиството на Вања и Панче во медиумите кога кажа дека возилото цитроен не е пријавено за исчезнато и кога пропушти да каже дека возилото со кое беше киднапирана Вања слободно со денови се движело низ скопските улици, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека Оливер Спасовски е тотално одлепен од реалноста.
- Изјавата дека за 40 проценти е поголема реализација на расчистени дела од организиран криминал, не соодејствува со реалноста. Пет криминални пресметки на нарко босови низ скопските улици не се расчистени. Криминалци бегаат од затвори и слободно се шетат. Мафијаши се пукаат во трговски центи и нема никаква разрешница. Цела година има дојави за бомби во училиштата, а Спасовски само што не ги фатил лицата кои ширеа паника и вознемиреност кај граѓаните.
Командири на полициски станици пукаат на домашни прослави со калашников и се фалат на социјални мрежи. Криминалци во полициска станица во Арачиново бркаа полициски службеници и до ден-денешен нема никаква разрешница. За какви проценти зборува Спасовски кога во Македонија царува криминалот и криминалците?Спасовски е скоро 8 години министер, а во Македонија владеат мафијашите.Со СДС и Спасовски, граѓаните не се чувствуваат безбедни. Затоа колку побрзо заминат, толку подобро, се вели во партиското соопштение.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата