Советот на јавни обвинители денеска не избра в.д. државен јавен обвинител. На итната седница не дошол еден од членовите. Од Советот тврдат дека отсуството на членот било оправдано.
„Седницата на Советот на јавните обвинители, закажана за ден 18.12.2025 година во 11 часот, по предлог на член на Советот, а поради оправдано отсуство на еден од членовите на Советот на јавните обвинители, е одложена за ден 22.12.2025 година, понеделник, во 11 часот“, соопшти Советот на јавни обвинители.
Изборот на в.д. државен обвинител требаше да се случи итно, по оставката на досегашниот државен обвинител, Љупчо Коцевски. Тој завчера поднесе неотповиклива оставка во Собранието, во истиот ден кога пратениците требае да го разгледуваат предлогот за неговото разрешување, што го поднесе Владата.
По оставката на Коцевски, Собранието во најкус рок треба да распише оглас за избор на нов државен обвинител. До изборот на нов обвинител, функцијата ја извршува вршител на должноста, кој се избира од редот на републичките обвинители, а треба да го назначи Советот на јавни обвинители.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата