logo
logo
logo

Состојбата со КОВИД аларматна во Прилеп, Куманово, Битола - ОВА СЕ ДЕТАЛИТЕ ЗА ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА

Vecer | 09.04.2021

Состојбата со КОВИД аларматна во Прилеп, Куманово, Битола - ОВА СЕ ДЕТАЛИТЕ ЗА ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 138.891, на оздравени пациенти е 112.619, на починати е 4.108, а бројот на активни случаи изнесува 22.164. Во статистиката што ја објави вчера МЗ за претходните 24 часа од направени 3.927 тестирања, се регистрирани 1.163 нови случаи на КОВИД-19, починаа 35 лица, а 854 пациенти оздравеле.

Според проф.др. Дејан Докиќ директор на Клиниката за пулмологија и координатор на ковид центрите на Клиничкиот центар,  вирулентноста на британскиот сој на коронавирусот кој доминира во земјава заедно со индивидуалната способност на имуниот систем, потоа факторот на возраста и коморбидитетните состојби, се причина за високата смртност.

-Смртноста кај нас во ковид-центрите на интерните клиники е 25 проценти. Во европски рамки е од 22 до 30, значи ние се наоѓаме некаде на средина од оние бројки коишто се во другите европски земји. Од тие што починале повеќе биле мажи. Старосната група на оние што починале најголем број се меѓу 70 и 80 години, па потоа меѓу 60 и 70, значи не е изненадувачки. Во однос на коморбидни состојби кај тие што починале во најголем процент била застапена хипертензијата или покачениот крвен притисок, па потоа следат кардиоваскуларните заболувања, па дијабетесот, обезноста, респираторните болести, бубрежни болести итн. Тоа се оние статистики коишто ние ги имаме и варијаблата која што е предиктор на смртта е сатурацијата на крвта со кислород на прием. Колку е пониска толку е поголема шансата да умре пациентот. Сите овие состојби заедно со вирулентноста на вирусот придонесуваат да имаме една ваква смртност, рече Докиќ во телевизиско гостување.

Карактеристично за овој мутиран вид на вирусот е што ги напаѓа помладите, а компликаците и влошувања се јавуваат подоцна. Причина за смртноста кај нив се можни проблеми, дефекти на имунолошкиот систем кој не може да се избори со вирусот.

-Оние што пред две недели биле релативно добри, после две недели настанува влошување со можна смрт. Овие бројки сега се одраз на она што се случувало пред две недели. Сега со намалување на бројката, мерките дополнително тоа ќе го подобрат, тие бројки верувам  дека за две недели ќе опаднат, рече Докиќ.

Куманово 1.202, во Прилеп 1.063… Надлежните апелираат граѓаните и понатаму да се придржуваат до превентивните мерки.

Заеднички апел за почитување на мерките и спречување на ширење на вирусот вчера испратија Владата и МПЦ, ИВЗ и Католичката црква.

– Заеднички е оценето дека од почитувањето на мерките, ќе зависи и како граѓаните ќе ги поминат претстојните празници: Велигден и Рамазан Бајрам, а јасно е дека постои желба кај сите за одбележување на големите верски празници во мир и спокој и заедно со најблиските во семејството, информираа од владината прес-служба по средбата на премиерот со лидерите на верските заедници.

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)

Скопје 62030, активни 10830

Прилеп 7461, активни 1063

Куманово 7441, активни 1202

Тетово 6607, активни 689

Битола 5130, активни 1246

Велес 4854, активни 798

Гостивар 4779, активни 527

Кавадарци 4723, активни 721

Штип 4490, активни 496

Охрид 4434, активни 853

Струмица 3511, активни 478

Струга 2777, активни 286

Кочани 2411, активни 283

Кичево 2180, активни 295

Неготино 2026, активни 349

Гевгелија 1989, активни 413

Свети Николе 1347, активни 137

Крива Паланка 1126, активни 104

Ресен 1104, активни 228

Радовиш 982, активни 148

Берово 929, активни 138

Дебар 880, активни 55

Делчево 879, активни 105

Пробиштип 725, активни 81

Виница 670, активни 100

Валандово 578, активни 105

Крушево 446, активни 123

Богданци 432, активни 71

Демир Капија 378, активни 63

Кратово 340, активни 26

Демир Хисар 339, активни 47

Македонски Брод 323, активни 48

Пехчево 239, активни 26

Македонска Каменица 212, активни 14

Дојран 119, активни 16

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk