logo
logo
logo

Димитриевски:

Сопругот на Мила Царовска снабдува градинка за 7-8 пати поскапа цена

Vecer | 29.09.2021

Сопругот на Мила Царовска снабдува градинка за 7-8 пати поскапа цена

Актуелниот градоначалник на Куманово Максим Димитриевски во „Клик Плус“ на ТВ21 синоќа во една прилика рече дека сопругот на министерката за образование Мила Царовска преку неговата фирма давал услуги за градинка од градот за неколкуkратно поголема цена.

Тој не спомена за која кумановска градинка станува збор, но наведе дека е ангажиран за 7-8 пати поскапи цени и дека морало тој да го добие договорот.

„Кога ја споменавте Царовска. Не сакав да именувам по петти пат исти директор кој пет пати повеќе троши леб од касарната во Куманово. Сопругот на Царовска снима промотивни спотови во градинка за 7-8 поскапи цени од оние што ние ги плаќаме како општина. И тој мора да биде одбран“, наведе Димитриевски.

Кумановскиот градоначалник е исклучен од СДСМ затоа што се кандидраше на новите локални избори со собрани потписи, а СДСМ го предложи Оливер Илиевски, со кого заедно дебатираа синоќа во студиото.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk