logo
logo
logo

Сопругата и ќерката на сопственикот на дискотеката „Пулс“ повикани на распит

Vecer | 25.03.2025

Сопругата и ќерката на сопственикот на дискотеката „Пулс“ повикани на распит

Сопругата и ќерката на сопственикот на дискотеката „Пулс“ во Кочани, Дејан Јованов – Деко се повикани во полициска станица,  дознава Телма. Според изворите на Телма, тие се дел од повиканите со кои е извршен распит како лица кои би можеле да имаат определени сознанија.

Од обвинителството и МВР не потврдуваат, но информираат дека вчера и денеска се вршеле претреси, распити и се одземале докази за истрагата за траорниот пожар во дискотеката во Кочани.

„Во текот на вчерашниот ден и денеска истражните тимови на Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи координирано преземаат дејствија за обезбедување докази во истрагата во врска со трагичниот пожар во Кочани. Извршени се претреси на пет локации во Кочани и во Скопје, при кои се одземени дополнителни електронски уреди и други докази за кои се издадени наредби за вештачење. Извршени се и распити на лица кои би можеле да имаат определени сознанија“ стои во соопштението на обвинителството.

Во текот на денот, Јавното обвинителство ќе издаде наредба и до Управата за финансиска полиција за преземање определени дејствија поврзани со материјалното работење на повеќе правни субјекти, осомничените и други лица. Од вчера обвинителскиот тим се прошири на 11 истражители планираат да направат распит на повеќе од 300 сведоци.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk