logo
logo
logo

Сообраќајот од ОХРИД кон Љубаниште се одвива наизменично

Vecer | 04.06.2023

Сообраќајот од ОХРИД кон Љубаниште се одвива наизменично

Од синоќа во 22 часот сообраќајот на регионалниот пат Охрид – Свети Наум, кај с.Љубаниште се одвива со наизменично пропуштање на возилата поради одрон на патот, информира АМСМ.

Сообраќајот на останатите патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk