Сообраќајна несреќа се случи денеска во центарот на Скопје на раскрсницата помеѓу булевар „Климент Охридски“ и улицата Димитрија Чуповски во кој автомобил удрил во возило на Брзата помош која му го пресекла патот.
Засега нема информации за причината за сообраќајката и за можни повредени.
Полициска екипа е на терен. Повеќе информации наскоро.