logo
logo
logo

СОБРАНИЕ: Неделава нема интерпелации за Бојан Маричиќ и Љупчо Николовски, тие остануваат за март, оти се уште нема одговор од Владата

Vecer | 22.02.2021

СОБРАНИЕ: Неделава нема интерпелации за Бојан Маричиќ и Љупчо Николовски, тие остануваат за март, оти се уште нема одговор од Владата

Интерпелациите за министерот за правда Бојан Маричиќ и за вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски неделава нема да се најдат на собраниски седници бидејќи се уште нема одговор од страна на Владата.

За предлозите на опозицијата за барање доверба на двајцата владини функцинери треба да бидат свикани нови седници, но неделава, според информациите од денешната координативна средба со претседателот на Парламентот Талат Џафери, нема да има нови пленарни заседанија. Очекувањата се дека интерпелациите би се нашле на седници на почетокот на март.

Ќе продолжат со работа комисиите, а во четврток е редовната седница за пратенички прашања, која се одржува секој последен четврток во месецот.

Според собраниски извори, има проблем со обезбедување кворум, имајќи ги предвид состојбите со пратеничката група на ДУИ и недоаѓањето на неколкумина нивни пратеници на седница, како и можноста да има уште некој заболен или во изолација поради Ковид-19.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ и натаму останува на ставот дека нивните пратеници нема да бидат на седници и да гласаат за дневниот ред или за кворум, освен за прашања поврзани со Ковид-19.


© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk