logo
logo
logo

Мицкоски: Со вчерашната одлука на Владата ПОВТОРНО СМЕ СО НАЈНИСКИ ЦЕНИ НА БЕНЗИНИТЕ и на дизел горивата

Vecer | 17.05.2026

Мицкоски: Со вчерашната одлука на Владата  ПОВТОРНО СМЕ СО НАЈНИСКИ ЦЕНИ НА БЕНЗИНИТЕ и на дизел горивата

Премиерот Христијан Мицкоски посочи дека вчерашната одлука на Владата за продолжување на мерките за намален ДДВ за бензините и намалени акцизи за дизелот и за бензините до 1 јуни ќе значи дека и понатаму ќе имаме горива со најниски цени во регионот.

-Вчера имваме вонредна онлајн седница на Владата на која до 1 јуни ги продолживме мерките што значат намален ДДВ за бензините и намалени акцизи за бензините и за дизелот. Со тоа ние како држава повторно сме со најниски цени на бензините и на дизел горивата, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање по пуштањето нов градски пазар во Виница.

Мислам, додаде, дека така и треба да продолжиме и понатаму.

-Покрај сите ризици и покрај сите предизвици со кои се соочува светот ние во овие речиси три месеци од би рекол најголемата енергетска кзриза која се има случено не според моето кажување, тукуи според кажувањето на претседателот на Светската енергетска заедница, како држава не само што успеваме да обезбедиме најниска цена за горивата, туку и практично да им ја понудиме на соседните земји, бидејќи голем дел од нивните граѓани од север, запад и југ доаѓаат кај нас да точат гориво, рече Мицкоски.

Како Влада, порача, ќе продолжиме во таа насока и понатаму.

Со одлуката на Владата и во наредните две недели ќе важи намалениот ДДВ од 18 на 10 отсто за бензините и намалената акциза од 4 денари по литар за дизелот и од два денари по литар за бензините.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk