Со поспособни, помудри и некорумпирани политичари, Македонија, споровите со Грција и Бугарија ќе ги решеше без да употребува толку ненормални, неморални и срамни средства, вели поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини.
Македонија во спорот со Грција беше приморана да го промени уставнто име по потпишаниот Преспански договор и непочитувањето на волјата на граѓаните на неуспешниот референдум.
Во спорот со Бугарија преку Договорот за добрососедство и пријателство се прифати заедничка комисија за историски и образовни прашања преку која се менува историјата во учебниците, а Македонија постојано е цел на бугарски условувања.
Во Бугарија се гласаат декларации дека не постои македонски јазик, дека македонскиот народ е измислен после 1944 година, а се дотогаш бил дел од бугарскиот.
Спорот со Бугарија се уште не е решен и можеби нема крај, а токму тоа што нема гаранции дека Бугарија ќе прекине со условување е причината што македонската опозиција се противи на гласање на уставните измени за внесување на Бугарите во Уставот.