logo
logo
logo

Со пари за заштита од ковид, купиле автомобил со кожен волан, во институции се набавувале и заштитни маски за 104 денари

Vecer | 10.08.2022

Со пари за заштита од ковид, купиле автомобил со кожен волан, во институции се набавувале и заштитни маски за 104 денари

Автомобил со кожен волан, шест звучници и металик боја по нарачка. Ова е само едно нешто купено со пари кои биле наменети за заштита од коронавирусот. А се купувале и компјутери, обрасци и други производи кои не може да се доведат во врска со пандемијата, покажува извештај на Центарот за граѓански комуникации. „Настрана од ковидот, такви возила не треба да се набавуваат, бидејќи бојата на возилото и кожниот волан немаат врска со функционалноста на возилото, така што, за приватни потреби секој може да си набавки какво возило сака, меѓутоа со народни пари треба навистина да се трошат рационално“, вели Герман Филков. Тоа не е се. Една заштитна маска од коронавирус, во една институција се набавувала за 3 денари, а во друга за рекорди 104 денари. Слично е и со тестовите. Во Скопје еден тест се набавувал за 118 денари, а во Прилеп дури за 420 денари. „Понатаму сега доаѓа да кажам до израз еден проблем кој е долгогодишен во здравството. Огромната зависност на здравствените институции од фирми кои што им нудат реагенси за апаратите кои претходно им ги дале тие најчесто се една фирма на тендерот и цените ги диктира фирмата и тие се многу високи“, додава Герман Филков. Во ковид-пандемијата во земјава според веб страницата „Ковид-19 финансиска транспарентност“ на Министерството за здравство, пристигнати се 1.567 донации, во вкупна вредност од над 12 милиони евра. „Уште на почетокот на пандемијата во раниот почеток, ние и меѓународните институции особено укажуваа и апелираа на добра документираност на тоа кому ќе му се даде помошта за ковид, зошто и колку ќе им се даде. И повратна информација дали е примено толку и дали е завршена работата, таква евиденција кај нас нема“, посочи Герман Филков. Во Извештајот се забележува дека и по повеќе од една година од почетокот на кризата, јавните набавки изобилуваат со проблеми и ризици од корупција.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk