logo
logo
logo

Со непроменета лична карта ќе може да извадите пари од банка, со непроменет пасош нема да може да патувате

Vecer | 27.09.2023

Со непроменета лична карта ќе може да извадите пари од банка, со непроменет пасош нема да може да патувате

Се ближи рокот кога граѓаните треба да ги променат личните документи со Сверна Македонија, но поради гужвите многу граѓани нема да успеат до февруари да ги заменат документите. Затоа најчестото прашање е дали псоел истекот на рокот ќе може да ги користат старите документи.

Ова задолжение го наметна Преспанскиот договор потпишан меѓу Македонија и Грција на 17 јуни 2018 година и според него новите документи мора да бидат со уставното име Република Северна Македонија, а тоа ќе значи и дополнителни трошоци за граѓаните.

Официјалниот одговор што МКД.мк го доби во врска со промена на документите е дека никој нема да е казнет ако не направи замена, а тие се уште се важечки. Со лична карта без „Северна“ во банка ќе може, ама со пасош со „Република Македонија“ нема да може да се патува.

Министерството за внатрешни работи нема да казнува, ама сепак патните исправи на граѓаните нема да важат ако сакате да излезете надвор од државата.

Според досегашните решенија со личната карта на која пишува „Република Македонија“, а не „Република Северна Македонија“, а која по датум е се уште валидна, ќе може да поминете на границите кон Албанија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, освен ако во меѓувреме не се донесат поинакви решенија.

Редакцијата на МКД.мк контактирале и неколку банки од каде одговориле, дека за на шалтер во банките во земјава ќе може да ги добиете истите услуги како и досега, односно да си извадите пари, да аплицирате за кредит, да си префрлите пари... ако имате валидна лична карта со датум кој не е истечен, а на која пишува „Република Македонија“, а не „Северна“.

И од МВР официјално одговориле дека казни за непроменет пасош, лична карта или возачка дозвола нема да има и додаваат дека се користат сите капацитети и граѓаните може да закажат и да си направат промена на документите.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk